Greek
 
Untitled Document
принт

Untitled Document

Штетноста од антибиотиците - д-р Петар Најденов

Дигестивен систем
Здравјето започнува од цревата и правилното варење на храната. Антибиотиците ги уништуваат полезните бактерии, оштетувајќи ги цревата и цревните клетки можат да бидат уништени од штетните микроби. Затоа по примање на антибиотици треба да се земаат пробиотици, коишто би ја заштитиле слузокожата од штетните микроби. За бебињата најважен е бифидус, а поголемите деца и возрасните треба да земаат и ацидофилус.

Нервен систем
Антибиотиците можат да го повредат слушниот нерв и да доведат до глувост, особено кај децата. Може да се случи да бидат оштетени и други нервни клетки. Тоа би можело да се одрази на интелигенцијата и карактерот на поколенијата.

Бубрези и црн дроб
Некои луѓе имаат толку деликатно здравје, така што балансот на нивниот организам може да се наруши само од еден антибиотик – особено стари и болни луѓе и послаби дечиња. Антибиотиците можат да доведат до бубрежна и црнодробна дисфункционалност. На пример, еден мој пријател со дијабетис се разболе од бронхитис. Му дадоа да пие антибиотици и бубрезите престанаа да му работат; почна да оди на хемодијализа, поминаа неколку месеци и за жал почина. Немаше ни 30 години.

Дисбактериоза и системна кандидоза
По користење на антибиотици често на слузокожата од цревата, дишниот и уринарниот систем на местото на полезните пробиотици се населуваат габички, коишто се многу јаки и штетни. Ја разрануваат слузокожата и ја прават попропустлива за алергени и токсини. Така по некое време тоа може да доведе до алергии, астма, псоријаза, артрит и др.

Правење крв
Антибиотиците можат да доведат до анемија, намалување на белите крвни зрнца и влошување на имунитетот.

Лош развој на децата
Повторувам дека антибиотиците се најштетни за организмот, додека тој расте. Затоа сите родители треба да знаат дека има опасност децата, на коишто често им се даваат антибиотици, не можат да го реализираaт сопствениот генетски потенцијал.

Ние, возрасните, сме слободни да си купуваме секакви глупости. Но децата немаат право на избор – тоа им го одземаме ние, родителите, затоа што ние решаваме наместо нив. Неопходна ни е точна информација, за да го правиме тоа што е најполезно за нашите деца.

 

Решаваат ли нешто вакцините?
- извадоци од книгата на д-р Атанас Галабов
„Светски заговор против здравјето“

Еден од најштетните митови во медицината и, воопшто, во здравствената култура што за жал пуштил длабоки корени е оној за превентивниот карактер на масовните имунизации. На медицинската професија и на општеството со децении им се наметнува дека тие се главниот фактор што придонел во намалувањето и во исчезнувањето на одредени инфективни болести и единствениот метод преку кој може да се извршува ефикасна профилактика во тој правец. Така ли е навистина?

Според британската асоцијација за напредок во науката, зачестеноста на детските болести е намалена за околу 90% во периодот од 1850-тата до 1940-тата година, доколку тоа се поврзе со подобрените услови за живот и со хигиената уште пред навлегувањето на масовните програми за имунизација. Дури и СЗО признава дека во земјите во Третиот свет зачестеноста на заболените и смртноста немаат директна врска со извршените имунизации туку со хигиената и со исхраната.

Кога зборуваме за вакцинациите, секогаш треба да ја имаме предвид индивидуалната интелигенција и, исто така, огромната способност на вирусите и на микроорганизмите да мутираат. Ете зошто најразумната идеа е да ја засилиме заштитата на организмот на природен начин преку методите што ни ги покажува природата, а не преку внесување одредена патогена култура во здрав човек (кој може никогаш да не „фати” одредена болест едноставно зашто нема предиспозиција за неа). За жал, улогата на хигиената, начинот на исхраната и стресот како имуномодулатори заостануваат далеку на периферијата во погледот кон современата медицина.

Еве што пишува доц. д-р Роберт Менделсон: „Повеќето од болестите што ни убиваат денес се резултат од „валкањето” на нашата физичка, политичка, економска, општествена, семејна и индивидуална психолошка средина. Вистинските профилактички мерки не можат да ги пренебрегнат овие прашања кога се зборува за здравјето. Освен фактот што тие „профилактички мерки” (имунизациите) се неефикасни и штетни, лекарскиот сталеж дополнително нанесува штета кога не дава информации како навистина можеме да се заштитиме... Најголемата закана (по здравјето) доаѓа од опасните и од безуспешните обиди да ги заштитиме децата од детските болести преку масовните имунизации. Имунизирањето не е единствениот фактор што одредува дали некој човек ќе се разболи од одредено заболување. Многу други фактори како што се исхраната, условите за живот и хигиената имаат важно значење. Понекогаш самата вакцинација може да го провоцира заболувањето... Бурната страст на модерната медицина не е никаде толку јасно видлива како при фарсата со сезонските вакцинации против грипот. Не можам да не помислам на нив, а да не се сетам на една свадба каде бев поканет. Чудно, но родителите на младоженците не присуствуваа и таму воопшто немаше луѓе над шеесетгодишна возраст. Кога прашав каде се возрасните, ми рекоа дека сите биле вакцинирани против грип пред неколку дена и сега се по своите куќи опоравувајќи се од страничните ефекти на вакцината...”

Самите вакцинации можат да го провоцираат развојот на епидемиите. Освен тоа, во вакцините има различни токсични состојки што најмалку се алергени за човечкиот организам ‡ тимерозал (живин производ), алуминиумски соли, траги од антибиотици. При производството вакцините можат да бидат загадени со вируси или со делови од нивниот геном што може да предизвика сериозни заболувачки процеси во човечкото тело.

Масовните имунизации доведоа до огромно распространување на хроничните болести, речиси непознати до пред половина век ‡ аутизам, младешки дијабет, хиперактивност, дислексија и др. По имунизирањето многу деца често започнуваат да боледуваат. Вакцинациите се основната причина што доведува до енцефалит во САД и во другите развиени земји. Во САД смртноста како резултат на имунизациите против детските болести речиси десетпати ја надминува смртноста од самите заболувања!

Децата се раѓаат со релативно недоразвиен имунолошки систем. Тој преоден имунолошки дефицит донекаде се компензира со заштитните функции на мајчиното млеко и со пасивниот имунитет од мајката предаден преку антителата. Природно хранетите доенчиња боледуваат помалку и полесно од бактериски и од вирусни инфекции. Колку повеќе имунолошкиот систем непотребно се потиснува со вакцини во тој период, толку станува послаб. Имунизациите го нарушуваат природниот процес на развој на детскиот имунолошки систем. Многу научници и лекари се убедени дека голем дел од денешните сериозни заболувања се резултат на неконтролираната употреба на синтетички лекарства и вакцини што ги потиснуваат заштитните и лечебните реакции на организамот.

Додадено од д-р Најденов:

Кажано просто и јасно, не се вакцинирајте против грип! Не ги вакцинирајте децата! Дури и да не сте полошо по првата имунизација, таа си ја врши расипаната цел ‡ и уште по неколку имунизации вашиот имунолошки систем ќе се наруши и ќе ви настрада здравјето. Уште повеќе, сезонските есенско-зимски епидемии се должат на тоа што вирусите мутираат! А имунизацијата е против претпоследната вирусна култура, т.е. не дејствува против најновата.

Јас лично сум имал пациенти чии проблеми започнале по неколку извршени имунизации. Станува збор за сериозни проблеми. А какви всушност, по тоа прашање може да се напише книга. Дури веќе се напишани неколку книги и тоа си од учени луѓе и лекари со стаж. Особено ми се допаѓа едно поглавје од книга против вакцините ‡ „Истрел во темно” (А Схот ин тхе Дарк).

Голем проблем при вакцинирањето се алергиите. Не случајно алергичните деца не се вакцинираат. Друг проблем е оштетувањето на нервниот систем и на психата. Во САД има граѓанско движење на родители чии деца настрадале од имунизација ‡ некои со аутизам, други со менингоенцефалит и др.

Луѓето кои имаат финансиска корист од имунизациите се кријат зад тоа дека „станува збор за минимален процент реакции”... Но, дали е така? Темата е толку важна што ќе им посветам цела веб страница.

Untitled Document
Информации и порачки на Алжирска 30 Скопје, тел: 02 3091070 и кај нашите конзултанти