Штетноста од антибиотиците - д-р Петар Најденов
Дигестивен систем
Здравјето започнува од цревата и правилното варење на храната. Антибиотиците
ги уништуваат полезните бактерии, оштетувајќи ги цревата и цревните клетки можат
да бидат уништени од штетните микроби. Затоа по примање на антибиотици треба
да се земаат пробиотици, коишто би ја заштитиле слузокожата од штетните микроби.
За бебињата најважен е бифидус, а поголемите деца и возрасните треба да земаат
и ацидофилус.
Нервен систем
Антибиотиците можат да го повредат слушниот нерв и да доведат до глувост, особено
кај децата. Може да се случи да бидат оштетени и други нервни клетки. Тоа би
можело да се одрази на интелигенцијата и карактерот на поколенијата.
Бубрези и црн дроб
Некои луѓе имаат толку деликатно здравје, така што балансот на нивниот организам
може да се наруши само од еден антибиотик – особено стари и болни луѓе и послаби
дечиња. Антибиотиците можат да доведат до бубрежна и црнодробна дисфункционалност.
На пример, еден мој пријател со дијабетис се разболе од бронхитис. Му дадоа
да пие антибиотици и бубрезите престанаа да му работат; почна да оди на хемодијализа,
поминаа неколку месеци и за жал почина. Немаше ни 30 години.
Дисбактериоза и системна кандидоза
По користење на антибиотици често на слузокожата од цревата, дишниот и уринарниот
систем на местото на полезните пробиотици се населуваат габички, коишто се многу
јаки и штетни. Ја разрануваат слузокожата и ја прават попропустлива за алергени
и токсини. Така по некое време тоа може да доведе до алергии, астма, псоријаза,
артрит и др.
Правење крв
Антибиотиците можат да доведат до анемија, намалување на белите крвни зрнца
и влошување на имунитетот.
Лош развој на децата
Повторувам дека антибиотиците се најштетни за организмот, додека тој расте.
Затоа сите родители треба да знаат дека има опасност децата, на коишто често
им се даваат антибиотици, не можат да го реализираaт сопствениот генетски потенцијал.
Ние, возрасните, сме слободни да си купуваме секакви глупости. Но децата немаат право на избор – тоа им го одземаме ние, родителите, затоа што ние решаваме наместо нив. Неопходна ни е точна информација, за да го правиме тоа што е најполезно за нашите деца.