Суперхраните на АкваСорс - здрав имунитет
Ели Хорозова
Нашиот имунитет е плод на нашиот живот и на исхраната. За да работат правилно, на клетките им требаат аминокиселини, минерали, витамини, ензими, антиоксиданти и други состојки, што одговараат на определени потреби на телото и не можат меѓусебно да се заменат! Обичната храна не ги содржи сите важни хранителни состојки. И покрај изобилството храни по рафтовите, повеќето од нив се сиромашни според составот и напоени со конзерванси и со неквалитетни маснотии.
Прехранбениот дефицит е во основата на повеќето болести. Речиси секоја дијагноза може да се сведе на дефицит на конкретни состојки, зашто за клетките не е храна она што голтаме туку она од што тие имаат потреба и можат да го искористат. На пример, недостиг од некои аминокиселини ја отежува синтезата на белковините и тоа се рефлектира врз имуниот систем. Недостигот од минерали или од витамини предизвикува биохемиски колапс и ја намалува издржливоста и компетентноста на имунитетот. Од друга страна, прехранувањето, особено со животински белковини и со масти, ја зголемува токсичноста и го оптоварува телото.
Затоа денес се говори за клеточно хранење и за задолжително набавување храни што недостасуваат, што ја чини разликата помеѓу потребите на организмот и даденоста на храната. Луѓето веќе се делат на 2 типа , луѓе кои живеат и се хранат здраво и луѓе кои, едноставно, се болни.
I. Хранителниот ланец започнува со едноклеточните модрозелени микроалги. Езерото Кламат е еколошки чисто алкално езеро во скалестите планини на Северна Америка. Модрозелените АФА алги што живеат во него се најбогати со хлорофил меѓу организмите кои фотосинтезираат. Од сончевите фотони и од богатата езерска вода со минерали овие алги ја синтетизират најквалитетната суперхрана во природата. Внимателно собрани и исушени, тие се најконцентрираната и одлично избалансираната храна на планетата. Алгите на нашите клетки и ја предаваат уловените сончева, водена и минерална енергија, што како своевидна батерија го полнат телото со енергија и со незаменливи хранителни состојки.
Оваа совршена универзална храна има повеќе од 10 шампионски титули и е прва во категоријата СУПЕРХРАНА.
*протеини - профилот на аминокиселините е ист како и во човечката клетка, ги содржи сите есенцијални АК во форма што лесно се искористува и во количина од 59 до 70%! Ни млекото, ниту месото или јајцата имаат таква протеинска содржина!
*МЗА се идеални за создавање крв, поради богатството на хлорофилот и на органското железо што лесно се користи и на витамините од групата B-1,2,3,5,6,9, биотин, фолна киселина и т.н. Особено се богати со витамин B12-7 пати повеќе од телешкиот џигер!
* 1 грам АФА осигурува 5 пати повеќе калциум од чаша пресно млеко и сите неопходни макро и микроелементи.
* Исклучителна е концентрацијата на бета-каротинот, фикоцијанинот и на другите биофлавоноиди со моќно антиоксидантно дејство.
* 1 грам АФА осигурува 150% од дневната доза на витамин С! Богатата содржина на ензими го подобрува метаболизмот на клетката и ги олеснува процесите на самооздравувањето.
И кога умни специјалисти истражувачи ги соединуват таа модрозелена кламатска АФА алга со нејзините внуци и наследници - другата МЗА, спирулината, (наречена така поради нејзината содржина од гама-линоленова киселина, мајчиното млеко на планетата Земја) и од органската детелина (од арапската алфалфа - таткото на сите храни), се добива успешна формула, позната како Зелена енергија. Оваа синергична смеса е природен тоник што ги изградува и ги поткрепува активниот имунитет и брзото и компетентно реагирање на различните инфекции.
II. Другиот наш предлог за зацврстување на имуниот систем со природни суперхрани е Колострумот. Ако МЗА е почетокот на прехранбениот ланец, колострумот е врвот на врвот на тој ланец - зашто е храна што ја произведуваат човекот и цицачите. Во него природата ги вложила најдобрите решенија за растеж и за оздравување на новороденото бебе. Колострумот е стратегија на природата за обезбедување готов пасивен имунитет од мајката! Предлагаме два вида колострум, Колактив и Колактив3. Се што се однесува на Колактивот важи и за Колактивот3, со таа разлика што кон Коалктивот3 се додадени нови корисни состојки.
Колострумот од крави, според молекуларната структура на имуните и на растежните фактори, е исклучително блиска до таа кај човекот и, што е поважно, таа е 20 пати побогата со антитела во споредба со човечката. Тој на нашиот имун систем му ги дава сите пет класи имуноглобулини – антитела готови за употреба против 20-те најраспространети причинители на болести: стафилококите, стрептококите, ешерихија коли, клебсиелата, кандида албиканс, хемофилус инфлуенце, салмонелата и др.
Како универзална суперхрана, колострумот е погоден за секоја возраст и за засилување на организмот при секакво нерасположение. Нејзините клучни состојки се растежните фактори за мускулите, за коските, за нервите, за слузокожите, за кожата, за сврзните ткива и за факторот на растеж сличен на инсулин. Овие состојки ги регенерираат и ги заздравуваат ткивата и помагаат за побрзо заздравување. Колострумот е со лактоферин, со пробиотици, со ензими, со цитокини - едни од најважните чинители во борбата против инфекциите и ракот.
III. Есенцијалните масни киселини (ЕМК) се најсуштествениот елемент од мембраната на човечката клетка, затоа нивниот дефицит води до слаби слузокожи и не само до нив. Целиот живот се храниме со животински заситени масти и со рафиниран сончогледов зејтин, и еве зошто сме на прво место според мозочни удари и инфаркти. Исто така, есенцијалните масни киселини одговараат за еластичноста на артериите, за разредување на крвта и за уништување на плаките, а исто така и за работата на мозокот и на нервниот систем. Ако бебето не добило во утробата и во првитете 4 месеци по раѓањето комплетен спектар на ЕМК, во опасност е развитокот на очниот нерв и кога ќе потпорасне, таквото дете задолжително ќе има потреба од очила. 5-10 капки на ден од оваа корисна масна супстанца, добиена преку ладно пресување на 20 видови семиња, јатки, цвекиња и со додаденото рибино масло, ги засилуваат слузокожите и во организмот создаваат услови за добра заштита од инфекции и за правилно изградување на ткивата.
IV. Доволното количество пробиотици е решавачко за здравјето на имуниот систем, особено кај децата. Пробиотиците го покриваат телото од надвор и од внатре и го штитат од инфекции. Кај возрасниот човек, врз слузокожите на тенките црева природно живеат 2,5 килограми лактобацилус ацидофилус а во дебелото црево – 1,5 килограми бифидобактерии. Оваа армија заштитници не само што физички ги заштитува нашите слузокожи туку ги одвојува и специфичните бактерицидните супстанци. Освен тоа, бактериите учествуваат во варењето на храната и во искористувањето на хранливите материи, произведуваат ензими и витамини и така тие навистина играат улога на самостоен чинител во човечкото тело.
Антибиотиците ги уништуваат не само патогените микроби туку и нашите внатрешни заштитници. Пробиотиците можат да се намалат и без да пиеме антибиотици. На приме, кај децата – ако не се доени и ако ги чуваат различни луѓе. Докажано е дека преместувањето кај бабите доведува до стрес и до загуба на бифидобактериите кај бебето.


