Антибиотиците се едно од големите откритија на медицината и
во некои случаи можат да го спасат животот. Но многу често нивната употреба
не е оправдана. Повеќето инфекции од кои боледуваме (особено во текот на зимата),
се предизвикуваат од вируси, а за нивно отстранување антибиотиците се немоќни.
Ако се примаат премногу често, антибиотиците можат да доведат
до многу и различни проблеми со здравјето. Можат да го оштетат црниот дроб (најразлични
проблеми), дигестивниот тракт (дисбактериоза, кандидоза), уринарниот систем
(бубрежна инсуфициенција), содавањето крв (анемија).. нервниот систем (глувост),
имуниот систем ( алергии),..
Во детската возраст антибиотиците са најнепожелни и треба да
се избегнуваат, затоа што пречат на растот и правилното развивање на организмот.
Децата кои често примаат антибиотици, не можат да го достигнат својот генетски
потенцијал. Детскиот организам се интоксицира и квалитетот на животот им се
влошува.
Имуниoт систем има потреба од добра кондиција и потхранување
за да функционира подобро. Ако се создадат поволни услови, организмот може сам
да се избори со инфекциите и по секое успешно поминато заболување станува се
поздрав.
За да го зајакнеме имунитетот, треба:
1. Да знаеме што е нужно да направиме;
2. Да го направиме тоа, што е нужно!
Без антибиотици – но како?
Неопходни се неколку услови, за да можеме да ги совладаме повеќето
инфекции:
Активирање на имуниoт систем:
кога се заразуваме со вируси, тие ни ги напаѓаат клетките и ако не произведуваме
доволно антитела, нема да можеме да ги уништиме. Работата на имуниот систем
можеме да ја подобриме со микроалгите.
Готов имунитет:
колострумот од крави е извор на готови антитела против 20 најчести микроби-предизвикувачи
на болести; покрај тоа, колострумот содржи и растежни фактори, што ги регенерираат
ткивата. Тој ни помага да се избориме со повеќето инфекции.
Здрави бариери пред микробите:
слузокожата на дишниот, дигестивниот и уринарниот систем има потреба од ЕМК
(есенцијални масни киселини), за да се обнови брзо и да не заштити од микробите.
Пробиотици:
претставуваат корисни бактерии кои ја заштитуваат слузокожата од штетните микроби.
Ако пробиотиците се оштетат (на пример од антибиотици и други лекарства), стануваме
поподложни на инфекции. Затоа треба да ги примаме периодично.
Заштитете се себеси и своите деца!
Здравјето на Вашето семејство зависи од Вас! За повеќе информации посетете ја
www.aquasource.net.mk
или побарајте ги нашите конзултанти!