Здравje без антибиотици

Антибиотиците се едно од големите откритија на медицината и во некои случаи можат да го спасат животот. Но многу често нивната употреба не е оправдана. Повеќето инфекции од кои боледуваме (особено во текот на зимата), се предизвикуваат од вируси, а за нивно отстранување антибиотиците се немоќни.

Ако се примаат премногу често, антибиотиците можат да доведат до многу и различни проблеми со здравјето. Можат да го оштетат црниот дроб (најразлични проблеми), дигестивниот тракт (дисбактериоза, кандидоза), уринарниот систем (бубрежна инсуфициенција), содавањето крв (анемија).. нервниот систем (глувост), имуниот систем ( алергии),..

Во детската возраст антибиотиците са најнепожелни и треба да се избегнуваат, затоа што пречат на растот и правилното развивање на организмот. Децата кои често примаат антибиотици, не можат да го достигнат својот генетски потенцијал. Детскиот организам се интоксицира и квалитетот на животот им се влошува.

Имуниoт систем има потреба од добра кондиција и потхранување за да функционира подобро. Ако се создадат поволни услови, организмот може сам да се избори со инфекциите и по секое успешно поминато заболување станува се поздрав.

За да го зајакнеме имунитетот, треба:
1. Да знаеме што е нужно да направиме;
2. Да го направиме тоа, што е нужно!

Без антибиотици – но како?

Неопходни се неколку услови, за да можеме да ги совладаме повеќето инфекции:

Активирање на имуниoт систем:
кога се заразуваме со вируси, тие ни ги напаѓаат клетките и ако не произведуваме доволно антитела, нема да можеме да ги уништиме. Работата на имуниот систем можеме да ја подобриме со микроалгите.

Готов имунитет:
колострумот од крави е извор на готови антитела против 20 најчести микроби-предизвикувачи на болести; покрај тоа, колострумот содржи и растежни фактори, што ги регенерираат ткивата. Тој ни помага да се избориме со повеќето инфекции.

Здрави бариери пред микробите:
слузокожата на дишниот, дигестивниот и уринарниот систем има потреба од ЕМК (есенцијални масни киселини), за да се обнови брзо и да не заштити од микробите.

Пробиотици:
претставуваат корисни бактерии кои ја заштитуваат слузокожата од штетните микроби. Ако пробиотиците се оштетат (на пример од антибиотици и други лекарства), стануваме поподложни на инфекции. Затоа треба да ги примаме периодично.

Заштитете се себеси и своите деца!
Здравјето на Вашето семејство зависи од Вас! За повеќе информации посетете ја www.aquasource.net.mk или побарајте ги нашите конзултанти!