Флексибилити – еластичност и подвижност
Комплексно решение за зглобовите и сврзните ткива
Кај секој човек зглобовите секојдневно се подложни на сериозни
оптоварувања. Со тек на време тоа неминовно води до истрошување на истите –
особено кај луѓе со зголемена тежина, спортисти или професии при кои повеќе
се оптоваруваат зглобовите (како на пример седење пред компјутер и подолга работа
со маусот и тастатурата, работа со различни инструменти, често заземање на принудни
пози итн.). Ако не се грижиме за зглобовите како што треба, после определено
време тие може да се истрошат или воспалат, да им се намали еластичноста и подвижноста
и така суштествено да ни се влоши квалитетот на животот. Скоро да нема луѓе
над 40-50 годишна возраст кои немаат повеќе или помалку изразени проблеми со
зглобовите.
Голем дел од храната која ја консумираме е штетна за зглобовите,
зашто ги загадува со токсини, им го влошува снабдувањето со крв или ги доведува
до воспалување. Кое е решението? Најважно е секојдневно да ги снабдуваме своите
зглобови со определени додатоци во исхраната, кои ги зацврстуваат ткивата на
рскавицата, го спречуваат и лекуваат воспалението, го подобруваат снабдувањето
со крв и помагаат да бидат еластични и подвижни. Но како да ја откриеме вистинската
формула? Веќе е лесно – едноставно треба да земаме по неколку капсули Флексибилити
– современото решение, предложено од АкваСорс.
Флексибилити е првиот и засега единствен производ, специјално
создаден да ги решава СИТЕ ТРИ најважни проблеми со зглобовите:
1. спречување или лекување на воспалението;
2. обновување и потхранување на рскавиците на зглобовите;
3. подобрување на еластичноста и подвижноста.
Новиот производ на АкваСорс – Флексибилити е многу ефикасен
при истрошување, трауми, болки, згрченост, остеоартрит, ревматоиден артрит и
секакви други проблеми со зглобовите. Тоа се должи на комплексното, синергично
дејство на единствената комбинација од проверени природни лековити средства
и клинички испитани, патентирани состојки, со докажана ефективност при проблеми
со зглобовите, кои немаат замена и алтернатива на пазарот.
Воспаление
Benolea (бенолеа) е специјален патентиран екстракт
од маслинови ливчиња, кој го подобрува крвотокот во зглобовите. Богат е со олеуропеин
– моќен имуностимуланс, ефективен за многу инфекции, па така и габични. Освен
за зглобовите, олеуропеинот е полезен и за срцето, зашто е природен антиоксидант,
кој го заштитува добриот холестерол од закиселување.
Opti-MSM (опти-МСМ) е патентирана форма на
МСМ, произведена според специјална технологија и е ефикасна при повеќето воспаленија
и трауми на зглобовите и помага за намалување на болките и отоците. МСМ (метил
сулфонил метан) е соединение, кое што содржи сулфур, многу важно за здравјето
на сврзните ткива, тетивите и лигаментите.
Алое Вера се користи со векови за смирување
на воспаленија и отоци и има сигурно дејство на детоксикација. Тука е вклучена
во концентриран вид (200 пати) за да го засили уште повеќе дејството на Opti-MSM
и Benolea.
Обновување на рскавиците
Многу важен услов за нашата еластичност и подвижност е добрата
состојба на рскавиците од зглобовите, кои служат како „перниче“ кое ги ублажува
ударите меѓу коските и го олеснува движењето на зглобовите. Рскавиците на зглобовите
се изградени од сврзни ткива, богати со колаген, еластин, хијалуронова киселина
и вода. Овие состојки се од примарно значење за здравјето и еластичноста на
рскавиците. Затоа во производот Флексибилити се содржат следниве супстанци,
кои осигуруваат оптимално потхранување и обновување на ткивата на рскавиците:
Chondractiv (Хондрактив) е патентирана смеса
од колаген, хондроитин и хијалуронова киселина. Единственото кај овој нов, високоефективен
производ е тоа што тој истовремено ги потхранува, обновува и зацврстува рскавиците
на зглобовите, го спречува нивното разрушување и воспалителните процеси и ја
подобрува подвижноста на зглобовите. Повеќе опити, контролирани со плацебо,
докажуваат дека редовната употреба на Хондрактив ја подобрува подвижноста и
ја намалува за 73% потребата од нестероидни антивоспалителни лекарства.
Екстрактот од хмељ (концентриран 4 пати) содржи
изо-алфа-киселини и други состојки со антивоспалително дејство, кои го спречуваат
воспалението и го потпомагаат обновувањето на рскавицата на зглобот.
Еластичност и подвижност
Секој човек сака да биде еластичен и подвижен, но со тек на
време тоа станува се потешко. Оптоварувањата, траумите, воспаленијата и возраста
се одразуваат врз сите нас. За да ги одржуваме зглобовите во најдобра форма,
соодветни хранливи додатоци се неопходни.
Regenasure (Регенашур) е единствената вегетаријанска
форма на глукозамин (како хидрохлорид). Содржината на глукозамин во Регенашур
е значително повисока (83%) во споредба со обичниот глукозамин сулфатот (само
65%), добиен од лушпите на морски мекотели. Освен тоа, Регенашур е почист производ
затоа што не содржи остатоци од тешки метали и други токсини, кои се натрупуваат
во морските жители и може да се конзумира од вегетаријанци и луѓе алергични
на морски плодови. Глукозаминот е многу важна супстанца, која нормално се произведува
во нашите тела и учествува во изградување на структурите на зглобовите – рскавиците,
лигаментите, капсулите и течноста на зглобовите. Тој ги прави зглобовите истовремено
поздрави, повлажни и поеластични и е одговорен за обезбедување на потребната
водна содржина на рскавиците. Со возраста, способноста за синтетизирање на глукосамин
се намалува, зглобовите се истрошуваат, рскавичните ткива се истанчуваат и ослабуваат.
Тоа води до болки, воспаленија, дегенерација и ограничена подвижност. Единственото
решение е да се примаат додатоци во исхраната со глукозамин, бидејќи обичната
храна не го содржи. А најдобрата форма на глукозамин денес е Регенашур.
Celadrin (Целадрин) е патентиран комплекс
од естери на специјално одбрани масни киселини, кои го спречуваат трошење на
зглобовите. Целадринот го намалува воспалението и болката без странични ефекти,
го подобрува количеството на рскавичната течност (го олеснува триењето) и воспоставува
подвижност и еластичност на зглобовите. Ефектот му е брз и сигурен кај секој
човек.
Синергија
Флексибилити на АкваСорс го комбинира дејството на пет патентирани
ефективни состојки во еден производ, така што се добива синергија на состојките
за побрз и траен ефект. Сите состојки во Флексибилити се клинички тестирани
и со докажана ефективност. Тоа го прави Флексибилити најдобриот препарат на
пазарот за комплексно решавање на сите проблеми со зглобовите и истовремено
влијае на СИТЕ најважни механизми при повреда на зглобовите. Ете зошто Флексибилити
е производ кој со сигурност ви е нужен.
Според статистиката, секој трет човек страда од заболувања
на зглобовите во втората половина на својот живот... Сега, кога го имате на
располагање Флексибилити, можете да бидете еден од другите двајца!
Употреба:
Флексибилити се конзумира како додаток во исхраната за време
на јадење. Обично се доволни 2 капсули дневно. При потешки случаи земајте 2х2
капсули дневно. За максимален ефект може да се земаат најмногу 3х2 капсули се
додека помине болката, а потоа дозата се намалува по потреба. Деца над 6 години
и бремени жени можат да земаат по 1 капсула на ден.
Состав:
• Регенашур (растителен глукосамин хидрохлорид) – 460 mg
• Хондрактив (колаген тип II – хондроитин) – 190 mg
• ОптиМСМ (МСМ) – 100 mg
• Бенолеа (екстракт од маслинови ливчиња) – 80 mg
• Целадрин – комплекс мононезаситени масни киселини – 80 mg
• Алое Вера 200:1 – 30 mg (еквивалент на 6 грама Алое Вера во прав)
• Екстракт од хмељ 4:1 – 30 mg
• Хијалуронова киселина – 10 mg
• Капсула: чист желатин.
• Не содржи конзерванси, глутен, пченица, жито, лактоза, шеќери, вештачки бои,
габи.
Една кутија Флексибилити содржи 60 капсули. Цената за дистрибутери
е 1790 ден.
ТРУ-ФИЛ капсули
Дополнителна предност на сите производи на АкваСорс е технологијата
ТРУ-ФИЛ (True Fill), која гарантира дека капсулата нема ништо друго освен полезните
состојки. АкваСорс користи само тру-фил капсули, за разлика од други фирми.
Не ретка пракса, користена од многу производители, е да ги полнат капсулите
со содржини кои го поевтинуваат производството, но не се полезни за здравјето.
Во однос на тоа, АкваСорс е една од исклучителните фирми која не прави никакви
компромиси кои би можеле да се одразат на квалитетот на производите.